Граѓаните се против експанзија на бизнисот со игри на среќа. Најновата анкета која за Детектор ја
спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека големо мнозинство граѓани бараат забрана за казина во населени места и ограничување на бројот на обложувалници.
77,7% во анкетата на Детектор велат дека треба да се ограничи бројот на казина и спортски
обложувалници, додека 14,8% не се согласуваат со тоа.
79% од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека
14% се против. 69,5% сметаат дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, додека 22,2% не се согласуваат со тоа.
48,2% се на став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат, додека 39,2% не
се согласуваат со тоа.
75% од анкетираните се согласуваат казината и спортските обложувалници треба да плаќаат
повисок данок додека 12,3% не се согласуваат со тоа.
Интересно е што само 22,1% од граѓаните во анкетата на Детектор велат дека одат во спортски
обложувалници додека две третини, или 75,9% велат дека не се обложуваат во спортски
обложувалници.
Очекувано, поголем број они кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5% од мажите
велат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8% жени.
63,8% од мажите и 88% од жените велат дека не посетуваат спортски обложувалници.
Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7% тврдат дека трошат до 500 денари месечно.
37,7% од анкетираните велат дека во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари.
7% велат дека трошат од 1000 до 5000 денари месечно, додека 2,9% над 5.000 денари секој
месец.
Повеќе од половина од анкетираните или 52% се на ставот дека државата не треба да организира
игри на среќа, а 38,1% немаат против државата да организира вакви игри.
Сепак, 76,4% од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа,
додека само 10,4% сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз
репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
фото: Детектор