Евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам вечерва официјално промовирана во Дневник 2 на МРТ.
Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.
