Во Албанија се потврдени првите два случаја на инфекција со коронавирус. Станува збор за татко и син кои неодамна се вратиле од Италија. Министерството за здравство соопшти дека двајцата биле во стабилна состојба.
Инаку Италија потврди околу 7.300 инфицирани и над 360 смртни слушаи. Во оваа земја водведен е карантин за скоро 16 милиони луѓе.
фото: Архива
