Македонија

Грчева ги откри носителите на листи: Што ни сметаше до сега да станеме нормална средно развиена држава?

Претседателката на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева, во емисијата „Топ тема“ откри кои ќе бидат носителите на изборните листи на престојните избори.

„Во пет изборни едници. Во четири имаме жени, јас сум во единицата. Шансите ни се големи. Во двојаката ни е професор доктор, психијатар Андријана Богдановска, во тројката ни е професор Лидија Илиева, а во четворката е Гоце Злаев кој е електро инженер и во петката ни е професор доктор Наташа Котлар“, кажа Грчева.

Грчева е категорична дека нашата држава треба прво да си ги реши проблемите внатре, биејќи како што рече, Македонија е издупчена од сите страни.

„Јас сум европеец, Македонија е европска земја. Би сакала да бидеме дел од некое развиено семејство. Што на нас ни сметаше во овие 30 години да станеме една нормална, правна, средно развиена земја? Вакви какви што сме шупливи, земја издупчена од сите страни, сите пари кои би се слеале од Европската Унија би пропаднале. Ние треба прво сами да се средиме“, рече Грчева.

На почеток