Македонија

Силјаноска носител на листа од ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица, еве кои се другите носители

Гордана Силјановска која беше кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи кандидатската листа за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица. Во втората единица ВМРО анализира дали тоа да биде Владо Мисајловски или Рашела Мизрахи, додека во третата, генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. Во четворката ВМРО ќе оди со Александар Николовски, а во петтата дилемата е меѓу Игор Дурловски и Силвана Ангеловска. Не е решено ниту за шестата единица каде претендираат Влатко Ѓорчев и Дафина Стојановска.

фото: Архива

На почеток