Македонија

Богојески до Мицкоски: Нека си дојде во прва изборна единица, да се соочиме со реалностите

Петар Богојески кој го промовираше „Македонски концепт“ како платформа, ќе биде носител на листа во првата изборна единица. Тој го повика директно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ја предводи првата изборна единица за заедно да се соочат.

„Јас не прифаќам гол популизам. Од една страна се бориме за името, од друга страна да се бориме за странски министер.. На Македонија и требаат домашни капацитети и експерти. Ако може апел од мене до Христијан вечерва, нека му каже некој во партијата дека господинот Вебер кого тој имитира, беше кандидат на кандидатските листи во Германија. Тој беше формално шпиц кандидат на ЕНП, но тој беше во својата татковина. Второ, го повикам Христијан да си дојде во единицата, каде ќе бидам јас. Нека дојде и да се соочиме со реалностите во кои денес живееме“, посочи Богојески.

Богојески како носител на листа во првата изборна единица, но и поромотор на ‘Македонски концепт’, вели дека тие имаат програма која е резервоар на проекти.

„Ние имаме повисока идеја или визија, а тоа е она што го нарековме ‘Македонски концепт’. Покрај таа возвишена идеја во која веруваме и сме уверени дека ќе работиме следните 15 години и да бидеме присутни на политичката сцена, другото е реалната политика. Изработена е програма која е резевоар на проекти. Наместо да трошиме минути на ‘Топ тема’ и само да критикуваме, комплетно треба да кажеме како да дојдеме до решение за проблемите на граѓаните“, додаде Богојески.

Во однос на правото и правната држава, Богојески вели дека со доаѓање на власт би се осврнале на начинот на избор на судии и софтверско решение кое би намалило злоупотреби во судскиот систем.

„За право и правда промовиравме две идеи. Едниот дел е софтверското решение кое ќе биде партнер на судиите, однонсно останува нивното слободно одлучување, но редно е судиите да бидат сериозно ставени во еден колосек и систем кој ќе ги намали можностите за злоупотреби. Вториот е начинот на избор на судии, односно паралено со системот воспоставување на нов начин“, заклучи Богојески.

На почеток