Кафулињата и рестораните да работат до 18 часот, а казината и обложувалниците да се затворат, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата на Република Северна Македонија.
Предлог мерка е и да се затворат сите киносали, театри, обложувачници и казина.
-Со новите мерки предвидено е кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и истите да работат со пола капацитет за да се запази растојанието од еден метар еден од друг. Исто така се откажуваат сите хируршки интервеции и ќе се работи само со итни случаи- вели Филипче.
Министерот посочи дека вирусот може да се спречи исклучиво со ригорозни мерки.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/487950328748846/?epa=SEARCH_BOX
фото: Архива
