Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, некаде над 20 литри на метар квадратен.
Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
фото: Архива
