Актуелно

„Најк“ ги затвора своите продавници во САД и неколку други земји

Американскиот гигант за спортска облека и обувки „Најк“ објави дека ги затвора сите свои продавници во САД и неколку други земји за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Продавниците на „Најк“ во Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд ќе бидат затворени од 16 до 27 март, се вели во соопштението на компанијата.

„Најк“ презема дополнителни чекори за одредени работни позиции, вклучително и можност за работа од дома, се додава во соопштението.

фото: Архива

На почеток