Прес конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој мешу другото истакна:
„Во секоја криза има нова можност, вели една кинеска поговорка. Вонредна состојба значи да има ред, дисциплина, да се почитуваат обврските кои ги даваат институциите, а тие да бидат попрофесионални кон граѓаните. Вонредната состојба значи дека ќе работат сите дејности и објекти како до сега, освен ако Владата не донесе спротивна мерка. Вонредна состојба значи дека ќе може да излеземе да завршиме неопходна работа и да се вратиме дома. Но, да завршиме работа со маска и заштитни ракавици. Смеат и старите луѓе да излегуваат но доколку мораат да завршат работа. Движењето ќе се забрани ако има полициски час, а ќе има ако не ги почитуваме мерките. Граѓаните мора да бидат сериозни. Владата ќе носи уредби со законска сила за заштита на зравјето на граѓаните“, посочи Заев.
Заев истакна дека покажавме дека можеме да се соочиме со предизвиците.
„Нашиот предизвик сега е да се избориме со коронавирусот. Затоа, исклучително важно е да ги следиме и почитуваме мерките и препораките од надлежните институции. Да помогнеме со цел заштита на здравјето и спречување на коронавирусот. Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, со вонредната состојба ќе се допридонесе за ефикасно да се спроведуваат мерките за граѓаните и стопанството. Им оддавам почит на сите кои се борат со овој вирус. Полицијата, Армијата, здравствените институции, сите институции, медиумите“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
фото: Архива