ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:
Во рамки на оперативните мерки кои ги презема Локалната самоуправа за превенција од ширење на Корона вирусот Ковид-19, на 41-та седница на Советот на Општина Охрид која се одржа денеска беа донесени следните заклучоци👇
1️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за донесување на соодветни мерки за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица кои што во согласност со мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата на РСМ имаат забрана за извршување на својата дејност и за период од десет дена да достават информација до Градоначалникот и Советот на Општина Охрид.
➡️Дали постои законска можност да не се испорачуваат фактури од јавните претпријатија кон коминтентите во периодот кога не обавуваат дејност.
➡️Дали постои законска можност да не се пресметува казнена камата за извршени плаќања на сметките после утврдениот законски рок, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од Владата.
2️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште и Секторот за даноци и комунални такси да ја испитаат законската регулатива за периодот за кој правните субјекти и физичките лица не ја обавуваат дејноста врз основа на донесените мерки од Владата за справување со Корона вирусот Ковид-19, да бидат ослободени од надомест за краткотраен закуп и комунална такса.
3️⃣Советот на Општина Охрид ја задолжува правната служба во рамки на локалната самоуправа да ја испита законската можност за времено запирање на присилната наплата и извршните побарувања и пресметување и наплата на камата и пенали на правните субјекти и физичките лица кои што по кој било основ се засметуваат од страна на Општина Охрид, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата.