Свет

Во Грција бројот на жртви од коронавирусот се зголеми на 49

Седум лица во Грција починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а вкупниот број се зголеми на 49, додека пак од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 1314 позитивни случаи.

Претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на редовната секојдневна прес конференција, рече дека во изминатите 24 часа регистрирани се 82 нови случаи, а кај екипаж на брод за крстарење биле потврдени уште 20 други позитивни случаи, од проверени 383 лица.

Од хоспитализираните, 85 се приклучени на апарати и се на просечна возраст од 66 години.

фото: Архива

 

На почеток