Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски не размислува вонредната состојба да се замени со кризна

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго ќе трае епидемијата.  Засега нема продолжување на вонредната состојба, одлучил Советот за безбедност . До завршувањето на 14 април, ќе се одржи уште еден состанок, по што ќе се разгледаат сите параметри и ќе се донесе дефинитивна одлука. Нема да има замена ниту на вонредната со кризна состојба.

Пендаровски истакна дека ги поддржува мерките на владата за намалување на платата на функционерите. Тој кажа дека е подготвен е и сосема да се откаже од платата, доколку владата го побара тоа.

Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спроведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.

„Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена. Сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае епидемијата. Притоа, едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби. Имаме стриктно спроведување на препораките од СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на нашите граѓани“, рече Пендаровски.

Тој додава дека затворањето на границите и ограниченoто движење е проблем за економијата.

Претседателот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат смирени, рационални, одговорни и солидарни, за со заеднички напори да се победи епидемијата.

Видео: Кабинет на Претседател

 

На почеток