Свет

Во Италија за 24 часа починале 837 луѓе, а излекувани се 1.109

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале 837 луѓе, а бројот на новозаразени е 4.053.

Италијанските епидемиолози сметаат дека се на врвот во борбата со вирусот, со оглед на тоа што сите броеви, освен бројот на смртни случаи, опаѓаат, додека бројот на излекуваните расте.

Во последните 24 часа од болниците биле отпуштени 1.109 пациенти.

Но, властите повикуваат на внимателност, затоа што ширењето на заразата би можело да продолжи доколку се укинат, односно доколку не се почитуваат пропишаните мерки.

Од почетокот на епидемијата во Италија се заразени 105.792 луѓе, а починаа 12.428. Излекувани се 15.729 пациенти.

фото: Архива

На почеток