Скопје

(ВИДЕО) Празни улици, отворени аптеки и полиција на пунктови – атмосферата во Скопје додека трае полицискиот час

Скоро празни улици со полиција, по некое такси возило и жители кои се враќаат дома. Ваква е сликата во Скопје денеска, на првиот ден од полицискиот час кој ќе трае 13 часот. Познатиот дух на Скопје со гужви се изгуби од 15 часот, кога сите жители се одеа во своите домови, пред почетокот на рестрикцијата за движење.

Екипата на „Скопје 1“ беше низ улиците на главниот град. На булеварот „Партизански одреди“ наидовме на една полициска контрола близу местото познато како Симпо, во Кисела Вода контрола не дочека после местото викано рампа, во Аеродром имаше на неколку места, додека пак, кај Железничката станица имаше на раскрсницата кај амбулантата „Пролеќе“. Сите дуќани се затворени, а работат само угостителските објекти кои вршат достава, аптеките, бензиските пумпи.

Погледнете дел од атмосферата низ Скопје:

 

 

автор: Татјана Маленкова

На почеток