Македонија

Сончево со слабдо умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Како што соопшти УХМР, следува период на сончево и топло време со пораст на дневните температури.

Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста, а од почетокот на идната седмица ќе има услови за локален дожд.

фото: Архива

На почеток