Македонија

(ФОТО) Се дезинфицираат влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид

⚠️Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид.

Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“.

➡️Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината, Објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.575728399699434/575728106366130/?type=3&theater

ФБ Константин Георгиески

На почеток