„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски поминувал граници со пропусница издадена од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Експремиерот Никола Груевски ја напуштил Србија и влегол во Црна Гора со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, соопшти српскиот премиер Александар Вучиќ. Таа пропусница, на Груевски можат да му ја издаде само државата чиј државјанин е тој, во конкретниот случај Македонија, дознава „Скопје 1“ а потврдуваат правни експерти.

— реклама —

„Доколку тој е државјанин на Македонија, тогаш само таа држава може да му издаде таква пропусница, која служи за едно влегување или излегување од одредена држава. Доколку тој е државјанин на Унгарија, тогаш и тие би можеле да му издадат ваква пропусница. Но, во никој случај, пропусницата не може да му биде издадена од држава на која Груевски не е државјанин“, велат правните експерти.

Ова ја отвора дилемата, кој ја издал пропусницата на Груевски со која минувал граници за да стигне до Унгарија. Вучиќ во интервјуто, кажа дека таа е издадена во Тирана, Албанија, но не и од кој орган таа е издадена. Сите државни низ кои поминал Груевски, велат дека постапувале според правните процедури.

— реклама —

Според ова, постојат сомневања дека пропусницата му била издадена во Македонија или македонската амбасада во Тирана. Во спротивно, истата е неважечка. Легитимацијата на границите се правела со лична карта и пропусницата, со оглед на тоа, Груевски не ќе можал да го помине границите доколку пропусницата била изадена од унгарската амбасада, а тој поседува македонска лична карта.

Од МВР се уште молк. Тие велат дека истрагата е во тек, откако ќе се комплетира доказите ќе бидат доставени до Обвинителството, кое отвори истрага за бегството на Груевски. Не е познато дали предмет на истрагата е и македонската амбасада во Тирана, исто како што не се знае кој и дали воопшто некој ќе сноси одговорнсот. Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се оградија и велат дека запазени се сите процедури за влез и излез од нивните држави, со тоа, тврдат дека испочитувани се сите процедури.

(„Скопје 1“ - www.skopje1.mk)

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања