Свет

Во Холандија 107-годишна жена излекувана од коронавирус

Холанѓанка на возраст од 107 години ја победи короната. Таа најверојатно ќе стане најстарата личност во светот која ја пребродила болеста. Корнелија Рас се разболела на 17 март, ден по нејзиниот 107. роденден, објави холандскиот весник АД, откако била на миса со свои пријатели од старскиот дом во Горе-Оверфлке, остров во југозападниот дел на земјата.

Таа со 40 други лица од домот кои присуствувале на мисата била тестирана како позитивна на вирусот.

Во меѓувреме, дванаесет лица од таа група починале, но лекарите на госпоѓа Рас во понеделникот и соопштиле дека таа ја пребродила болеста.

Пред Корнелија Рас, најстариот документиран преживеан пациент од коронавирус беше 104-годишниот Американец Бил Лапшис.

фото: Informer

 

На почеток