Македонија

(ВИДЕО) Поради вакви луѓе, се плаќа со живот: Нема коронавирус, тој што се маскира ако го фати пролив не може да се откопча

Во текот на емисијата „Црвена линија“, еден од гледачите кои се вклучи во програма посочи дека нема коронавирус, односно тврдеше дека се е измислица.

„Какви вируси, какви бакрачи, тој што се маскира ако го фати пролив не може да се откопча“, вели гледачот.

Зошто го објавуваме ова? Бидејќи поради вакви поединци, патат цели нации ширум светот. Многу веројатно е дека истото ова лице, ќе излезе и ќе шета, ќе остварува контакти и нема да почитува препораки.

Која е нашата цел?

Доколку го познавате, посочете му и објаснете му каква е состојбата со пандемијата, покажете му ги страшните снимки од Италија, но и фотографиите од Инфективната клиника од каде вадат мртви тела во сандаци. Земјата не е рамна, време е тоа да се сфати, исто како и тоа дека со состојбата со коронавирусот е мошне сериозна и мора да се превенира!

https://www.facebook.com/landovk/videos/2747779538665792/

фото: Архива

На почеток