Македонија

Филипче: И за велигденските празници ќе има рестриктивни мерки

Следниот викенд исто така ќе има рестриктивна мерка и за време на велигденските празници, затоа што пикот на епидемијата го очекуваме на крајот на месец април. Дури после тоа ќе биде разговарано дали ќе има промени во мерките за викендите што следуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче  на информативна видеосесија на тема Сѐ за коронавирусот” со министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство, д-р Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

Министерот додаде дека по укинувањето на рестриктивните мерки повеќе никаде нема да биде исто.

„Ние правиме наши автентични модели како ќе се организира работата во сите економски оператори – фирми, ресторани… спред спецификата на дејноста, фреквенцијата и начинот на движење на луѓе и сето тоа ќе биде на сила тогаш кога ќе кажеме дека овие мерки веќе може да престанат да важат или барем постепено укинување, во смисла на ублажување таму каде што мислиме дека треба во одредени дејности, во одредени региони“, рече Филипче.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски, истакна дека не е хумано, ни коректно, ниту епидемиолошки издржано барањето на Општина Охрид да се забрани влез и излез за жители од други градови.

„ Затворање во својата ‘љуштура’, своето ‘гето’ кое се вика ’Затворено за останатите жители на државата‘, прво не е коректно, второ, тие луѓе плаќаат данок на општината каде живеете, каде градоначалникот собира пари од тие луѓе. Трето, општината добива помош од државата, заштитните средства доаѓаа од овде и спрема тоа затворање на локално ниво или создавање на такви виргинални подрачја во која нема да има влез, ниту излез на други граѓани сè со цел да се заштитиме ние, не е хумано, ниту коректно и не е епидемиолошки издржано, истакна Караџовски.

фото: Архива

На почеток