Скопје

Масовна фамилијарна тепачка, два лица пренесени во болница

Фамилијарна масовна тепачка во скопското село Кучевиште. Две лица се тешко повредени и се однесени во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Со овој настан не е прекршен полицискиот час, изјавиле за СДК.МК од МВР.

Според првичните информации, се работи за две семејства, роднини, кои живееле во ист двор на улицата „7“ во селото, а меѓу нив подолго време имало расправии и некомуницирање едни со други. Во петокот околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека „по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С. Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с. Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63)“.

фото: Архива
На почеток