Коронавирус

Заменик-директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, е позитивен на коронавирус

Заменик директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, на неговиот профил на „Фејсбук“ информираше дека  позитивен на коронавирусот.

Тој вели дека резултатот го добил пред неколку дена, а заедно со семејството се чувствуваат добро.

-По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој е позитивен, напиша Исуфи на ФБ.

Исуфи им упати порака на граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома и да не се собираат во групи.

На почеток