Актуелно

ВМРО НП: Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција

ВМРО-Народна партија жали што не гледа никаква активност од страна на Владата на Македонија за купување на нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на држвата, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција.

Сметаме дека Владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација, додаваат од партијата.

фото: Архива

 

 

 

На почеток