Македонија

(ВИДЕО) Началници во МВР во време на полициски час виеле оро

Забава со караоке шоу и ора се виеле во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава.

Од снимките до кои дојде „А1он“ може да се види дека на собиранката имало повеќе од десет лица, а журката траела до доцните вечерни саати. Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.

Текстот во целост на: А1 ОН

На почеток