Свет

(Видео) Трамп предложи вбризгување дезинфекциски средства во телото на болните од коронавирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно ги шокираше медицинските работници со последните коментари за лек за коронавирус. Неговите коментари експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.

Трамп на прес-конференција за коронавирусот сугерирал дека вбризгувањето дезинфекциски средства како изопропилен алкохол во телото би можело да го убие коронавирусот, а предложил и зрачење на телото на болниот од Ковид-19 со УВ-зраци.

Американските научници откриле дека вирусот брзо ја губи силата кога е изложен на сонце, топлина и влага, а истражувањето го претставиле пред јавноста на прес. Заедно со тоа, истражувањето открило и дека избелувач би можел да го убие вирусот во капките или во респираторните течности во рок од пет минути, а изопропилниот алкохол наводно може да го стори истото во покусо време. Трамп истакнал дека треба многу внимателно да се сфати ова истражување.

„Замислете да го погодите телото со многу моќна светлина, како ултравиолетова и таа да продре под кожата. Ова колку што знам уште не е тестирано, но мислам дека ќе се тестира. Звучи интересно, Pотоа гледам како дезинфекциско средство го уништува вирусот за минута. Една минута! Дали има начин да се направи тоа, со вбризгување или на друг начин? И тоа треба да се провери. Јас не сум лекар, но сум добар во некои работи“, истакна Трамп.

Лекарите предупредија дека идеите на Трамп се опасни, смешни и би можеле да имаат фатални последици.

На почеток