Македонија

Пациент на 78 годишна возраст починал од преплет на цревата, но погребот ги чинел 51.700 денари како за ковид!

Пациент на 78 годишна возраст од Кавадарци бил донесен во Скопје поради преплет на цревата, но откако починал во болницата „8 Септември“, на семејството му бил наплатен лимен ковчег, пластична вреќа како да починал од коронавирус, и севкупниот цех на крајот наплатен за оваа фамилија од Кавадарци изнесувал 51.700 денари. Во оваа цена воопшто не влегува гробното место и ископувањето на гробот. Снаата на починатиот маж, во изјава за Слободен печат, тврди дека иако нејзиниот свекор воопшто немал дијагноза за ковид 19, сепак погребалната услуга вклучувала лимен сандак, ковчегот дошол во Кавадарци со возило и воопшто не можело да биде отворен бидејќи бил залемен.

– Беше полициски час, сабота 18 април. Спремивме погребално возило да тргне од Кавадарци до Скопје да го земе телото. На половина пат тоа беше стопирано, ни рекоа мора да го земат од Бутел. Сопругот оди во Бутел, му рекоа дека треба да се погребе истиот ден и плати 51.700 денари. Во сметката има вклучено лимен сандак, покрај него и дрвен ковчег, понатаму пластична кеса, едноставно човекот немаше коронавирус и не ми е јасно зошто цената за погребалната услуга беше толку висока, вели вознемирената наша соговорничка за Слободен печат.

Текстот во целост на: Слободен печат

фото: Слободен печат

На почеток