Свет

Првата жена која прими вакција против КОВИД 19: Се будиш и гледаш лажна вест за својата смрт, јас сум добро, да знаете сите

По веста на одредени медиуми дека  полинала првата жена во Европа која ја прими потенцијалната вакцина против корона вирус на универзитетот во Оксфорд пред четири дена се огласи таа.  32 годишната Елиса Гранато  која е микробиолог, и голем борец за правата на животните на твитер напиша:

-Се будиш и гледаш лажна вест за својата смрт. Јас сум добро, да знаете сите. Ве молам да не ја споделувате лажната вест, да не им давате внимание и кликови. Наместо тоа, вдомете си некоја слатка мачка – напиша таа на Твитер.

фото: Newtelegraph

 

 

 

На почеток