На денешен ден, пред 68 години во Битола е роден Горан Стефановски. Состојбата предизвикана од кризата со коронавирусот, го спречи одржувањето на собирот по повод роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи чии дела се длабоко вкоренети во културниот идентитет на земјава. Настанот требаше да се одржи во неговото омилено Дебар маало, а меѓу другото, Oпштина Центар и неговото семејство планираа и поставување клупа со седечка скулптура на Горан Стефановски. За жал, затворањето на границите спречи клупата да пристигне од Англија така што таа ќе биде поставена кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.
Со цел достоинствено одбележување на роденденот на драмскиот писател, изработено е видео во кое дел од неговите блиски соработници и пријатели говорат за големината и значењето на Стефановски.