Иницијатива за свикување на Собранието со скриена намера за брзи избори летово. Па веднаш потоа барање за лидерска средба да се видело која била суштината на иницијативата и да се поразговарало за политичките процеси. Ете што ни сервираат Мицкоски и Заев, по олабавувањето на полицискиот час, жесток политички час, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.
Наводното привременото примирје заврши. И тоа среде пандемија додека броиме заразени, жртви, излечени. Додека се бориме да го победиме опасниот вирус, а развиените земји се обидуваат да пронајдат вакцина, нашите „големи“ политичари се фатија за изборите. По којзнае кој пат лицемерието е покажано на дело.
Па впрочем и двајцата лидери уште кога беа во самоизолација, не поминуваше ден, а да не го искористат фејсбук да кажат нешто. Пуста желба рефлекторите да се свртат кон нив.
И тука повторно сме сведоци на веќе видена слика. СДСМ и ДПМНЕ се надмудруваат, се препукуваат кој повеќе се грижел за здравјето на граѓаните, кој ќе правел преседан, а ДУИ само немо посматра. Зошто во нивни раце е иницијативата и одлуката.
ГДУ предупредува дека не е време за политички игри и калкулации. Ова е борба во која сите треба да бидеме обединети, се со цел да се заузда невидливиот непријател. Не ни треба дефокус. Датумот за избори треба со консензус да го одредат сите политички чинители во оваа земја. Но повторуваме за тоа кога ќе бидеме подготвени како држава. Се спротивно од ова само ќе ја зголеми конфликтноста во општеството, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.
https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/2925477570865972/?v=2925477570865972