Коронавирус

Оздравени се 53 пациенти, потврдени 13 нови случи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април.  И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна:
•       Скопје – 475
       Куманово – 376
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –143
       Тетово – 75
       Струга – 64
       Велес – 66
       Битола –19
       Охрид –15
       Кавадарци – 5
       Гостивар –15
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-5
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 28
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -4
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 1
       Валандово -1
       Виница – 2

Направените 289  теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -9 , Авицена –12 ,Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -38  и МАНУ -4 .  Досега во земјата се направени вкупно 15409 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови  пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19.

фото: Архива

На почеток