Македонија

Полициски час од петок до понеделник е предлого за престојниот викенд кога се слави 1-ви мај

Минситерот за здравство рече дека Владата утре ќе каже дали ќе има полициски час за време на продолжениот викендот поради празникот 1-ви мај. Тој кажа дека Комисијата за заразни болести смета дека викендот треба да е затворен како за Велигден, од понеделник до петок. Предлогот е рестрикцијата за движење за започне од петок и да трае до понеделник.

„Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука. На утринскиот состанок на штабот јас го изнесов мислењето до Комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендот треба да е целосно затворен како за Велигден, од петок до понеделник. Сметам дека не треба да станува збор за лично мислење или да се пренесе мислење на група на граѓани, бидејќи мислењата тие се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести. Така функциониравме до сега, се темелеа на бројот на пациенти што можеме да очекуваме од рестриктивните мерки во смисла на намалување на бројот на случаи со медицинска издржаност“, рече Филипче.

Тој се спротистави на мислењето на Чулев викендот да не биде целосно затворен.

„Граѓаните секако не сакаат да седат дома, кој би сакал да седи дома затворен три дена? Но има причина зошто е тоа така. Владата на утрешната седница ќе го дискутира овој предлог и ќе видиме таму какви предлози ќе стигнат дополнително, по што ќе известиме“, додаде министерот.

фото: Архива

На почеток