Македонија

МЗ: ВМРО ДПМНЕ слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај со респираторните машини

По прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ на кој портпаролот Наум Стоилковски го обвини министерот за здравство за криминал со набавка на респиратори, демант од Министерство за здравство.  Во дементот се вели:

-И покрај тоа што нема никаков случај, ниту пак некаква неправилност во однос на набавката за респираторни машини, ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со бесмислени прес конференции.

Единствена намена на овие прес-конференци е да одржуваат во јавност непостоечка тема и да ги манипулират граѓаните. За каков криминал или неправилност зборува ВМРО-ДПМНЕ кога набавката за респиратори воопшто не се реализираше откако компаниите се откажаа заради тоа што не можат да го испорачаат договреното?

На сите им е јасно дека набавка на респиратори во овие моменти е исклучително тешка заради дефицитот на машини во светот. Откажувањето на компаниите во вакви тепки услови за работа и дефицит не е ништо чудно или неочекувано.

Што точно проблематизира ВМРО-ДПМНЕ очигледно не знаат ни самите.

Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста. Апелираме да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај.

Министерството за здрваство работи транспарентно и стоиме на располагање на сите институции кои сметаат дека треба да истражуваат, се вели во демантот од Министерството за здравство.

фото: Архива

На почеток