Додека се уште во Скопје се трујат кучиња бидејќи тие немаат сопственици и живеат на улица, истовремено се почесто прегазени од моторни возила се оставаат мртви по скопските улици.
Последно на социјалните мрежи е објавена фотографија од куче удрено од автомобил на само пет метри од пешачкиот пример. Нема информации за возачот, а кучето било оставено мртво на улицата. Ова се случило во Аеродром, односно Лисиче.
Вака се убива куче кога си #сељак од #Лисиче. На 5 метри од пешачки премин. Ни нема спас. Џабе е се. @CityofSkopje @OpstinaAerodrom #Скопје #Skopje #Македонија #Macedonia pic.twitter.com/S4xO7aAMbD
— Filip_Simplovic (@obnov_energ) November 22, 2018