Во период од неколку дена кон крајот на март, македонскиот државјанин Роџер Зекировски ги имаше сите препознатливи симптоми на Ковид-19; висока температура, болки во мускулите и сува кашлица. Но, според епидемиолошкиот прашалник, тој не ги исполни условите за лабараториски тест во државна болница, објави irl.mk.
Наместо тоа, Зекировски се реши за она што се чинeше како добра алтернатива: тест направен во Холандија – кој се прави на приватна клиника за само 20 евра – може да ја открие болеста со висок степен на точност за само неколку минути. Или барем тоа е она што го мислеше кога се упати дома враќајќи се од клиниката, олеснето, со негативен резултат на тестот.
Три дена подоцна, 45 годишниот Зекировски беше мртов. Официјалните резултати од постмортниот тест покажаа дека тој навистина бил заразен со САРС-КoВ-2 , вирусот кој го предизвикува КОВИД-19.
Сопругата на Зекировски, Ѓултена, рече дека лажниот негативен тест ги изложил на огромни, застрашувачки ризици, објави irl.mk.
„Кога се тестираше негативен, сите бевме толку среќни“, рече таа. „Се гушкавме и бакнувавме, деца и родители“. „Како би можеле да знаеме?“
Иако е невозможно да се каже дали Зекировски би преживеал да беше поинаку, неговата смрт е впечатлива илустрација на заканите на она што многумина се надеваа дека е клучно оружје во борбата против пандемијата: брзи тестови за антитела.
За разлика од типичните молекуларни тестови, кои бараат протеини на вирусот САРС-КоВ-2, а резултатите можат да дојдат и по неколку дена, брзите тестови бараат антитела произведени од имунолошкиот систем додека се бори против вирусот. Резултатите обично се готови за 10 до 30 минути.
Првичните надежи дека ваквите тестови ќе помогнат во борбата со вирусот, брзо исчезнаа откако се откри дека овие тестови, обично направени во Кина, се далеку помалку точни отколку што првично се сметаше.
Но, истрагата на OCCRP и партнерите откри поголеми проблеми со глобалниот пазар за брзи тестови.
Истражувањето на irl.mk може да го прочитате во целост на овој линк.