Македонија

Мицковски доби покана за дебата од Независната пратеничка група која произлезе од ВМРО ДПМНЕ

Независната пратеничка група што произлезе од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ  го кани  лидерот ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицковски на телевизиска дебата.

-Христијан дали ти знаеш дека оние кои сега ти се во врвот на листите се тие кои барале „голема заштита и надохнада“? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни. Доколку се толку храбри нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи се, пишува во отворено писмо до лидерот на партијата.

Во писмото посочуваат дека законот за јавно обвинителство е поздравен во извештајот за напредокот на државата, потоа  се сомневаат во тврдењето дека не знаел за парадата од 80 полициски возила,  смешни ги наркеуваат тврдењата за отсјајот кога се гледаат ракавиците на неговите телохранители, но и му посочуваат дека нема теретана која е празна, во 10:30 ни лани, ни во октомври, најмалку сега, објави telma.com.mk.

-Како се злоупотребени некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно, пишуваа поранешните сопратијци.

извор: telma.com.mk

На почеток