Успешна еколошка акција во и околу Пештани. Собрани се околу 100 вреќи ѓубре претежно пластични шишиња и лименки!
Еден од организаторите вели дека се дочисти депонијата над Десарет. Но не се застанува тука. за утре најавена е уште една акција за како што велат да се дочисти се. Најавуваат дека утре во 12:00 ќе се продолжи од истото место но сега пред Пештани и целата плажа до пред Елешец.
Еден од организатоерите Башоски на својот ФБ се заблагодари на сите кои ја поддржаа акцијата, но и ги повика сите кои се во можност да се приклучат и да помогнат утре. Башоски напиша:
-Почитувани Пешчанци, вие шо се осеќате како Пешчанци и сите кои на било каков начин ја помагате нашата Акција, сакам да Ви се заблагодарам и да Ве информирам!
Денеска се собравме доволно луѓе, искрено очекував повеќе, но работата што ја завршивме беше огромна и на крајот на денот сите бевме задоволни и среќни од тоа што го сработивме, односно исчистивме!
Денес се чистеше од пред Роки до Рибноно, по песок и по пат!
Се поделивме на две екипи, а на екипата што работеше по патот им се приклучи и Капетанот со Еко-камионот!
Се собраа околу 100 вреќи ѓубре, претежно пластични шишиња и лименки, кои утре со кајче ќе бидат донесени во центарот и од тука со камион на депонија!
Во Договор со сите што учествуваа денеска, Акцијата продолжува утре во 12 часот од истото место, но во спротивна насока!
Чистиме пред Пештани до кај што ќе стигниме према Урвиште!
Ви благодарам уште еднаш на сите што зедовте учество во денешната Акција и ве очекувам во поголем број утре!
фото: Дарко Башоски