Лидерот на ДВЕРИ, Бошко Обрадовиќ направил скандал кога со своите симпатизери ги нападнал пратениците пред српското Собрание, откако го блокирал влезот на парламентот. Медиумите и социјалните мрежи објавуваат видеа од нередот.
Претседателот на НСС, Маријан Ристиќевиќ, при влегување во Собранието вербално бил нападнат од претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ, по што дошло до хаос, меѓусебни навреди и туркање.
До инцидентот дошло кога Обрадовиќ и уште неколку пратеници и симпатизери на движењето ги блокирале скалите на влезот во собранието.
По Ристиќевиќ, Обрадовиќ се судрил и со министерот за здравство, Златибор Лончар, кој, исто така, доаѓал на седница во парламентот.
Обрадовиќ и приврзаниците на Двери носеле транспаренти „Доле влада“, „Дали короната зависи од изборите“, „Не може Ѓурѓовден, ама избори може“.
фото: YouTube