Премиерот Оливер Спасовки од Пробиштип кажа дека очекувал од верските заедници да го почитуваат здравјето на граѓаните. Спасовски собирот во Струга го опиша како сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата.
„Очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и како човек сум длабоко разочаран од постапката што се направи вчера во Струга“, рече Спасовски.
Спасовски додаде дека надлежните служби треба да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи собирот на граѓаните во период на пандемијата.
фото: Архива