По повод Денот на Европа – 9 Мај, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија организира настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември“.
Настанот ќе почне во 12.30 часот со кревање на знамињата на Република Северна Македонија и на Европската Унија, по што ќе се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.
Како што соопшти европската делегација во Скопје, на церемонијата свои обраќања ќе имаат евроамбсадорот Самуел Жбогар и премиерот Оливер Спасовски. На настанот ќе присуствуваат и шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.
Настанот ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Владата на Северна Македонија.