Посветено, одговорно и чесно, водени од Вашите приоритети и потреби, ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО работиме за подобра иднина на нашиот Охрид, напиша напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Градоначалникот во својата објава додава:
Како што Ви ветив, во правата година од мојот мандат успеавме да реализираме голем број проекти кои се од исклучително значење во повеќе сфери од општественото живеење.
Водени од принципот на транспарентност, подготвен е соодветен материјал, преку кој ќе Ви бидат презентирани детали од мојата едногодишна работа.
Презентацијата за сите реализирани проекти ќе се одржи на 11-ти мај 2020 година (понеделник) во 11 часот преку линк во живо на официјалната страница на Општина Охрид и на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/594378681167739/?type=3&theater