Пред почетокот на летната туристичка сезона прашање кое не интересира е која е веројатноста за зараза со коронавирус на плажа. Одговорот на ова прашање го дава Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија. Тие велат дека ризикот од зараза при топло време во отворени води или езера е минимална, соопштува ТАСС.
– Коронавирусот е респираторен вирус кој предизвикува акутни респираторни вирусни инфекции. Тој се пренесува од човек на човек преку воздушни капки и заразени површини. Во однос на отворените води, постои можност од зараза со бактериска или цревна инфекција, но не и со коронавирус. Тој е нестабилен при горештини, така што отворената вода дополнително го намалува ризикот од инфекција, објасни Михаил Лебедев од Институтот.
фото: Архива
