Македонија

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ до БАН: Македонскиот јазик е посебен

Ненаучно, паушално и тенденциозно, ова е ставот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за најновото издание на Бугарската акдемија на науките со кое се негира постоењето на македонскиот јазик и тој се именува како „северномакедонски бугарски јазик“. Потпишано од 12 автори меѓу кои и потпртседателот на БАН, Васил Николов, „За официјалниот јазик на Северна Македонија“ на 68 страници се негира постоењето на македонскиот јазик. Од Институтот за македонски јазик велат дека ставовите на авторите не се научно базирани и не може да се третира како сериозна научна студија., објави телевизија Телма.

Во пишаната реакцијата од Институтот пак детално се одговара на ставовите на БАН за историјата на македонскиот јазик, создавањето на македонскиот литературен јазик, македонските преродбеници, имиња, дијалекти, при што се наведува дека во книгата се даваат искривени факти. Притоа во рекацијата се подвлекува дека македонскиот јазик функционира како стандарден јазик 75 години, кодифициран и рамноправен во рамките на ОН.

 

Текстот во целост на : Телевизија Телма 

 

На почеток