Свет

Може ли Германија да го преживее Исламот?

Прашањето „Може ли Германија да го преживее Исламот?“ повторно се најде во центарот на вниманието после протестите кои што избија после бруталното убиство на еден Германец од страна на мигранти од Авганистан и Сирија.

Во саботата околу 11 илјади луѓе (8 илјади десничари и околу 3 илјади левичари кои што протестираа против Нацизмот) излегоа на улиците на Кемниц каде што се случи убиството. Според германските медиуми, за време на протестите избиле и насилства кои што резултирале со 18 повредени лица.

Овие судири не се невообичаени, баш како и дебатата за Исламот, меѓутоа случувањата од минатата седмица ги откриваат размерите на влијанието на бегалците после 2015-та година на државната политика и јакнењето на поддршката на „Алтернатива за Германија“, партија на десничарите – прва таква која што успеа да влезе во Бундестагот после Втората светска војна.

Германија всушност ги има сите причини да слави „златна ера“. Невработеноста е на најниско ниво од обединувањето на државата и се бележи одличен економски раст. Се очекува јавниот долг оваа година да биде помал од 60 отсто од БДП, што значи дека Берлин за прв пат после 20 години ќе ги исполни критериумите на Договорот од Мастрихт.

Сепак, и покрај големиот економски напредок, германското општество трпи негативни последици од милиони баратели на азил кои што од 2015-та година пристигнаа во земјата. Тило Сарацин, поранешен член на одборот во Бундесбанка, во својата книга „Непријателско освојување: Како Исламот го спречува напредокот и му се заканува на општеството“, го изнесува своето предвидување за иднината на Германија.

Иако Германија според меѓународните стандарди е исклучително безбедна земја, низата на насилни злосторства зад кои стојат бегалците ја вознемирува нацијата, па колку и да се обидуваат властите од Берлин да го прикријат тоа.

Силувањето и убиството на 14-годишното девојче во јули оваа година кое што го изврши барател на азил од Ирак ја згрози нацијата. На ова грозоморно дело му претходеше и друго брутално злосторство. Во продавница на југозападот на Германија беше убиено 15-годишно девојче од Авганистанец кој што во меѓувреме доби „смешни“ 8 години и шест месеци затворска казна. Авганистанецот го убил девојчето од германска националност затоа што не сакало да му биде девојка.

Минатата година бегаците во Германија биле осомничени за 15% од убиствата во оваа земја, иако чинат само 2% од населението.


Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток