Свет

Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли не се поканети на седница на ОН

Тие официјално не се поканети, причините се познати, и во Њујорк може да бидат само приватно”, рекла портпаролката на ОН.

Приштинската делегација, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли, не добила покана за седницата на Генералното собрание на ОН и тие во Њујорк престојуваат приватно, изјавила портпаролката на ОН, Ери Канеко.

“Тие официјално не се поканети, причините се познати, и во Њујорк може да бидат само приватно”, рекла Канеко, на тој начин демантирајќи ја информацијата од приштинската телевизија “Кијан Косова”, која јавила дека Тачи учествува во работата на Генералното собрание.

Како што пренела приштинската “Бота сот”, повикувајќи се на “Прешева јон”, Канеко објаснила дека во работата на Генералното собрание учествуваат држави членки на ОН по повик, а во расправите на високо ниво можат да зборуваат само претставници од држави членки и постојани набљудувачи.

Телевизијата прецизирала дека Приштина нема ни статус на постојан набљудувач во ОН, туку дека тоа го имаат само Ватикан и Палестина.

Тоа сега практично објаснува и зошто никој од приштинската делегација не бил на вечерата која за учесниците на Генералното собрание ја организирал американскиот претседател Доналд Трамп.

Во Приштина претходно било најавувано дека Тачи, во текот на заседавањето на Генералното собрание, ќе се состане со Трамп, но непосредно пред неговото заминување во Њујорк, од кабинетот на косовскиот претседател било кажано дека таа средба е неизвесна, бидејќи не е потврдена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток