Ирула е едно од најстарите племиња во Индија, а неговите членови живеат преку североисточниот брег на државата Тамил Наду. Ирула на тамилски и малајалмски јазик значи “црни луѓе”, а потекнува од зборот “ирул”, што значи “темнина”. Племето брои 189.621 припадник во регионите Тамил Наду и Керала.
Иако многу луѓе се плашат од змии, припадниците на племето Ирула знаат дека ова животно е заинтересирано само за својот опстанок. Тие разбираат дека змиите брзото движење го доживуваат како закана и тогаш може да нападнат. Меѓутоа, а ако стоите мирно, тие често ќе се оддалечат од вас.
Речиси 50.000 луѓе годишно во Индија умираат од касање од змија, а единствен достапен третман е правовремена испорака на противотров ширум земјата.
Фаќачите на змии од племето Ирула основале индустриско кооперативно друштво во 1978. година во Ваданемлија за да фаќаат змии и да го земат нивниот отров. Шест компании ширум Индија произведуваат околу 1,5 милиони шишенца противотров годишно, а поголем дел од лекот потекнува од отровот кој го извлекле членовите на племето Ирула.
Екстракцијата на отровот се одигрува во посебна просторија, каде змиите се чуваат во глинени садови со песок. Секој сад се полни до половина со песок, пред да “вдоми” две змии. Отворот од садот внимателно се затвора со памучна крпа, за змиите да имаат доволно воздух.
Кооперативното друштво “Ирула фаќачи на змии” има дозвола за чување на околу 800 змии во исто време.
Секоја змија се чува 21 ден, а во текот на тој период отров од неа се извлекува четири пати. После тоа, змиите се пуштаат назад во дивината, а на нивните стомаци се става мала ознака, за да се спречат ловците да ја фатат истата змија два пати. Овој знак е привремен и исчезнува по некое време.
Потеклото на племето Ирула и нивната интеракција со змиите се мистерија. Главно божество им е божицата Канијама, која е поврзана со кобрата.
Иако, иронично, во голем дел од 20. век десетина илјади Ирулјани ги ловеле змиите поради нивната кожа, не го јаделе нивното месо поради почит кон божицата. Индија во 1972. година забранила лов на низа животни, вклучувајќи и змии.