Свет

Монструм од Задар ја силувал ќерка си повеќе од 1500 пати

На монструмот од Задар му е намалена казната за 10 години, на јавната седница во Врховниот суд на 13-ти септември, на која и самиот тој учествувал во Жупанскиот суд во Задар, преку видео линк.

Откако е уапсен, “Фрицл” се наоѓа во притвор во затворот во Задар, а сега, после конечната пресуда од 30 години затвор, ќе биде испратен на Одделението за дијагностика и аналитика во друг затвор, за да се процени во кој затвор во Хрватска ќе биде испратен за издржување на затворската казна.

Својата најстара ќерка, почнал да ја силува кога имала само 12 години и не престанал сѐ до 2017-та година, кога е однесен во истражен затвор, а таа имала 28 години. Во тој период ја силувал повеќе од 1500 пати.

“Причината за оваа одлука на Врховниот суд, според образложението кое ни го доставија, тие сметаат дека на обвинетиот треба да му се изрече поблага казна, поради тоа што има измени во законот од 1997-ма до 2017-та година, а тоа е периодот кога е сторено ова кривично дело”, рекол портпаролот на Жупански суд во Задар, Хрвое Висковиќ
После доказите, судијата Борис Радман го осудил 51-годишниот маж во септември минатата година, според сите пет точки кои биле наведени во тужбата.

Својата ќерка ја силувал без престан во период од нејзината 12 до 28-ма година, повеќе од 1500 пати. Таа како малолетничка добила дете од својот татко, два пати после тоа намерно абортирала, а еднаш на 15 години се обидела да се самоубие, пренесува “Слободна Далмација”.

Семејството знаело што ѝ прави таткото на најстарата ќерка, но поради постојаното малтретирање, живееле во страв за своите животи, во случај да го пријават. Тогаш кога ќерката решила да пријави во полиција, а мајката во Центарот за социјална помош, полицајците ѝ рекле дека “некои семејства знаат да се јавуваат по 50 пати”, додека социјалните работници на мајката ѝ рекле дека “тие не можат ништо”.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top