Свет

Првите проблеми веќе се појавија со IPHONE XS и XS Max

Новите телефони на Apple веќе се достапни во претпродажба ширум светот, а иако нивната цена надминува илјада евра, сепак во американската компанија уште сега тријат раце поради големата побарувачка.

Додека досегашните рецензии донесоа само пофални зборови, неколкумина корисници на Reddit и MacRumors, како и на официјалниот форум за корисничка поддршка на Apple, се жалат дека имаат проблем со Wi-Fi сигналот кај своите нови телефони. Како што пренесува The Verge, се чини дека проблемот и не е така наивен, не е поврзан со ниту еден американски оператор и можно е како што ќе расте продажбата, да растат и поплаките на корисниците.

Како што пренесува споменатиот извор, во однос на минатогодишниот iPhone X, трите нови модели на iPhone сега треба да имаат поголема брзина при сурфањето на Wi-Fi и LTE мрежите, посебно затоа што уредите се опремени со уште една дополнителна антена која што треба да го подобри сигналот.

Потенцијалниот проблем со сигналот ќе ги потсети многумина на таканаречениот скандал “Antenna-Gate” на iPhone 4 – тогаш корисниците се жалеа на прекинување на повиците и слаб сигнал, а Стив Џобс понуди решение за тој проблем, односно ги повика корисниците поинаку да го држат телефонот во раката.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток