Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во трање од 14 дена

Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски. Претседателот образложи дека одлуката е донесена на состанокот на Советот за безбедност.

„Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2026148764184920/?v=2026148764184920

На почеток