Македонија

Деркоски за Курир: Нема да го потпишам избирачкиот список доколку има избори 22 дена по вонредната состојба

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски вели дека тој нема да го потпише избирачкиот список додколку се донесе одлука да се одржат изборите за 22 дена и се надева дека истото би го направиле и дел од колегите, бидејќи според него во тој рок не може да се изготви избирачкиот список.

„Јас не сакам да носам одговорност за нелегитимен процес и не може да ме натераат на тоа. Треба да се почитуваат законските прописи во државата“, изјави Деркоски во интервју за порталот Курир.

Сепак во интервјуто тој вели дека доколку се донесе одлука ДИК ќе мора да ги спроведат изборите иако во оваа ситуација процесот ќе биде многу комплициран.

„Не е возможно да се одржат избори за 22 дена затоа што нема избирачки список. Со кој избирачки список би оделе на избори? Толкувањето на уредбата која е предмет на некои политичари, експерти и слично вели дека не треба да се продолжи 22-от ден пред денот на изборите. Уредбата вели дека се запираат дејствијата кои што беа дотогаш, а во вториот став се вели дека на ДИК и се дава задача ден по вонредната состојба да изготви ревидиран роковник, тоа значи дека ДИК ќе мора да ги предвиди овие рокови за избирачкиот список повикувајќи за на изборниот законик. Во тој роковник ние ќе ги предвидиме сите рокови кои се потребни за да се направат легални и легитимни избори“, вели Деркоски.

фото: Архива

На почеток